Нова радост за Прибак и за Манасков во ЛШ

Македонските ракометни репрезентативци Немања Прибак и Дејан Манасков се радуваа на нови победи во Лигата на шампионите со екипите на Бешикташ, односно Веспрем.

По победата во Скопје над Металург, Прибак и соиграчите стигнаа до нови бодови на гостински терен, овојпат во Русија над Чеховски медведи со резултат 27-29. Рускиот првак по првото полувреме водеше со одлични 17-13, но Бешикташ собра сили за целосен пресврт и конечен триумф. Прибак постигна два гола од три обиди, но имаше и неколку одлични асистенции до соиграчите.

Манасков немаше позначајна улога во тимот на Веспрем при победата во Белорусија над Брест Мешков од 26-29. Македонскиот крилен ракометар не се запиша меѓу стрелците, а најефикасен во редовите на унгарскиот гигант беше Лекаи со седум погодоци.

Се вчитува...