Нова рутинска победа на Барселона во АСОБАЛ

Барелона на свој терен во „Блауграна“ славеше убедлива победа против последнопласираната екипа на Бенидорм со 38-28, во натпреварот од 20.коло во АСОБАЛ лигата. За шпанскиот првак ова беше уште еден рутински триумф, вкупно 20 во серија сезонава во домашното првенство во кое Барса е неприкосновена на лидерската позиција.

Во новата победа на Барселона, Кирил Лазаров постигна четири погодоци од седум шута, а Борко Ристовски запиша девет одбрани. Најефикасни во домашниот состав беа Јеспер Нодезбо и Жоан Саубич со по шест гола. Кај Бенидорм, Давид Хименес постигна девет гола од исто толку обиди.

Овој натпреавр беше само полесен тренинг и загревање за Барселона пред следното искушение што ја очекува во Лигата на шампионите – гостуивањето кај Кил на 5 март, во претпоследниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Се вчитува...