Нова црвено-црна ракометна рапсодија (фотогалерија)

Вардар на сите им покажува како треба да игра еден европски шампион, со карактер, квалитет, но пред се со авторитет од кој противниците се „смрзнуваат“. Тоа му се случи денеска на Кристијанштад, талентираниот шведски тим кој налета на црвено-црниот „ѕид“ и силно се удри од него.

Само 15-те примени голови најдобро покажуваат како функционираше одбраната на „вардарци“, која сезонава е број 1 во Европа.

Штета е што сега следи пауза поради Европското Првенство во Хрватска, но предводени од Раул Гонзалез нема причина да се сомневаме дека „вардарци“ ќе продолжат во ист ритам и во февруари.

[new_royalslider id=”863″]

Се вчитува...