Новак Ѓоковиќ во Мајами ќе игра без тренер!

Поранешниот прв светски рекет, Новак Ѓоковиќ, на Мастерс турнирот во Мајами ќе настапи без тренер! По дебаклот на Индијан Велс каде беше поразен уште во второто коло, Ѓоковиќ се реши да ја смени тактиката.

Подготовките за настапот на турнирот во Мајами, Србинот ги одработува со Фернандо Вердаско, а во ложата во Мајами на неговите настапи ќе нема ниеден тренер.

Неговиот прв тренер, Радек Штепанек отпатувал за Чешка, а договорот со Андре Агаси му е тој да го придружува само на Гран-слем турнирите.

Од членовите на стручниот штаб, со Новак Ѓоковиќ во Мајами ќе биде само физиотерапевтот Дејвид Даглоу кој е специјалист за опоравувањето на спортистите кои се враќаат после повреда.

Прв противник на Ѓоковиќ на Мастерсот во Мајами ќе му биде Миша Зверев.

Се вчитува...