Новак: Најголемата опасност доаѓа од Ѕјуба и Кокорин

Вардар не се залетува пред утрешниот меч со Зенит, но, сепак, се надева дека може да одигра квалитетен натпревар. Украинскиот интернационалец Евгениј Новак смета дека најголемата опасност доаѓа од напаѓачите Ѕјуба и Кокорин, а Зенит има фантастичен стадион каде ќе се игра утрешниот меч.

„Силен состав има Зенит со силни играчи како Ѕјуба, Кокорин, од оваа сезона имаат стадион кој што е спектакуларен. Очекувам тоа да биде една убава вечер за сите кои ќе дојдат на стадионот и ќе имаат можност да уживаат во натпреварот. Ние со нетрпение го очекуваме мечот“, изјави дефанзивецот на Вардар на вечерашната прес конференција во Санкт Петербург.

Се вчитува...