Јармоленко: Борусија е вистинскиот клуб за мене

„Милионерите“ воопшто не губеа време да го доведат наследникот на Осман Дембеле, па своите редови ги засилија со украинското крило, Андриј Јармоленко од Динамо Киев. Фудбалерот пристигна за сума од 25 милиони евра, а потпиша договор до 2021 година.

„Благодарен сум на Динако Киев што ми помогна и ми дозволи да си го остварам сонот и да заиграм за голем европски клуб. Ќе дадам се од себе за мојот нов тим, како и на тренинг, така и на натпреварите, и се надевам дека ќе помогнам на Борусија да остварува нови успеси. Овој клуб е посебен, има единствени навивачи, прекрасен стадион, и богата историја. Пресреќен сум што го направив вистинскиот избор“, истакна Иармоленко.

Репрезентативецот на Украина по долги години го напушта Динамо од Киев. Во своите најдобри денови беше сметан за наследник на легендарниот Андреј Шевченко, а несомнено е најдобар играч на Динамо и украинското првенство во последниве четири години. По 228 настапи, 99 погодоци и 65 асистенции се простува од матичниот клуб и го остварува сонот да заигра за европски гигант.

Се вчитува...