Нови моменти: Газдата на ПАОК влетал на теренот со пиштол (ФОТО+ВИДЕО)

Нов хаос во грчкиот фудбал се случи синоќа, кога на „Тумба“ во Солун имаше немили сцени, а сопственикот на ПАОК, Иван Савидис, влета на теренот и го повлече својот тим, затоа што судиите поништија погодок кој можеше да биде решавачки за триумф, во судиското продолжение од дуелот. Дојде и до физичка пресметка, а повторно многу работа ќе има Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Грција.

Тоа што го потенцираат медиумите кај нашиот јужен сосед е дека сопственикот на ПАОК влета на теренот со пиштол на ременот, притоа упатувајќи и закана кон главниот судија: „Ти си мртов човек! Верувај!“.

Ова треба да биде уште еден сегмент кој ќе треба да се разгледува дополнително и ќе предизвика многу контроверзи.

Се вчитува...