Нови порази на Војдан Стојановски и на Димитријевиќ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
28/03/2017 16:25
Фудбал
28/03/2017 15:53
Фудбал
28/03/2017 15:24
Фудбал
27/03/2017 19:58

Нови порази на Војдан Стојановски и на Димитријевиќ

Нови порази на Војдан Стојановски и на Димитријевиќ

Војдан Стојановски и Ненад Димитријевиќ нема по добро да го паметат овој викенд откако нивните екипи претрпеа порази во рамките од 23. коло од шпанската „Ендеса лига“.

Војдан Стојановски со Бетис го пречека тимот на Гран Канарија, не успевајќи да стигне до изненадување и губејќи ја оваа средба на домашен терен со убедливи 70-89. Мечот беше загубен во втората четвртина што гостите ја добија со 14-27, стигнувајќи до двоцифрена предност што рутински ја одржуваа до самиот крај.

Капитенот на македонската репрезентација не беше во својот препознатлив ритам, па реализираше само пет поени, надополнети со два скока и две асистенции.

Хувентуд може да жали за очајната трета четвртина на гостувањето во Малага против Уникаха, поради која тимот на Ненад Димитријевиќ претрпе пораз од 77-74. Гостите од Бадалона имаа предност од 31-36 на полувреме, но потоа го загубија третиот период со 34-16. Иако одиграа подобро во последните десет минути, кошаркарите на Хувентуд немаа сили за целосен камбек, па на крајот загубија само со три поени разлика. Откако редовно добиваше шанса на последните натпревари, Димитријевиќ денеска целиот меч го проследи од клупата за резерви.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.