Нови проблеми за „карамелите“: Евертон една година без Боласи?!

Еден од најскапите играчи во историјата на Евертон, Јаник Боласи може да паузира една година од фудбалските терени, соопшти стратегот на „карамелите“, Роналд Куман. Крилниот фудбалер заработи повреда на десното колено на дуелот против Манчестер јунајтед и веќе претрпе операција за таа повреда.

Според информациите, ќе мора да биде извршена уште една интервенција во наредниот период и е можно да ги пропушти сите натпревари од оваа година.

„Ќе изминат 11 или 12 месеци кога Боласи ќе може да се врати на терените. Тоа е навистина големо разочарување за сите нас, но верувам дека тој ќе се врати посилен“ – соопшти кратко Куман.

Тој дојде на „Гудисон парк“ од Кристал Палас за сума од 25 милиони фунти, но неколкуте повреди не успеаја да му дозволат да го покаже целиот фудбалски потенција.

Се вчитува...