Новиот совет на општина Битола ќе го спасува РК Пелистер - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Новиот совет на општина Битола ќе го спасува РК Пелистер

Новиот совет на општина Битола ќе го спасува РК Пелистер

Новиот совет на општина Битола, конституиран по локалните избори, ќе го спасува опстанокот на еден од најголемите македонски ракометни колективи, РК Пелистер.

„Пелистерци“ најавија дека нема да го играат саботното градско дерби против Еурофарм Работник поради заостанатите плати кои им ги должи општина Битола, како 100% сопственик на клубот.

Valentin Gruevski

Но, новоконституираниот совет најави дека за 13. ноември се подготвува ребаланс на буџетот со кој ќе бидат издвоени средства и за РК Пелистер да се покријат долговите кон ракометарите кои ги направи претходната власт на општината.

„Ние долгот кон ракометарите го наследивме од претходната власт, која очигледно свесно оставила да се наталожат финансиските проблеми и да се доведе до распаѓање на ракометниот клуб, под идеја за сето тоа да е виновна новата локална власт. Но, ние нема да го дозволиме тоа. Сакам да испратам порака дека со РК Пелистер ќе биде се во ред. Повикуваме ракометарите да имаат малку трпение затоа што се подготвува ребаланс на буџетот, и на 13. ноември веднаш ќе им бидат исплатени сите заостанати плати а со тој ребаланс ќе бидат издвоени средства и за завршување на годината“ – истакна денеска претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.