Ново чудо на Војдан и Бетис во Ендеса-лигата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39
Ракомет
12/12/2017 11:00
Коментари
11/12/2017 12:49

Ново чудо на Војдан и Бетис во Ендеса-лигата

Ново чудо на Војдан и Бетис во Ендеса-лигата

Тимот на Бетис, во чии редови меѓу најзабележителните е Војдан Стојановски, продолжува со бегството од дното на табелата во Ендеса-лигата. Откако во минатото коло му го нанесоа првиот пораз на Реал Мадрид, кошаркарите на Бетис вечерва приредија уште едно големо изненадување, на гостински терен совладувајќи го големиот фаворит Билбао со 82-85.

Стојановски и соиграчите одлично го почнаа натпреварот, поведоа со 4-14, но потоа домаќините се вратија, па набрзина дојдоа и до предност. Бетис покажа карактер, па иако на самиот почеток од четвртата четвртина Билбао водеше со 69-59 гостите собраа сили, го свртеа резултатот во своја полза и стигнаа до голем триумф, трет за тимот од Севилја во последните четири кола од елитното шпанско кошаркарско друштво.

Стојановски одигра клучна улога во одбраната, откако при нападот на Билбао на 17 секунди до крајот при резултат 82-82 изнуди лична грешка во напад од Бамфорт. Во самата завршница гостите беа прецизни од линијата за слободни фрлања и стигнаа до бодовите на овој жежок терен.

Македонецот го заврши натпреварот со 12 поени (4/6 шут од поле), притоа бележејќи и пет скока и една украдена топка.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.