Ново ремек-дело: Барди со мајсторија на градското дерби против Валенсија

Енис Барди е главен адут на Леванте сезонава откако Македонецот во својот трет меч во Примера дивизион го постигна и вториот погодок овојпат на градското дерби со Валенсија.

Гостинскиот тренер предупредуваше дека Македонецот е максимално опасен при прекините, но Барди потврди дека не е велемајстор само за слободни удари, туку знае да постигнува прекрасни погодоци од игра. Така, тој пред крајот на полувремето маестрално прими една топка на градите, за потоа со милиметарски прецизен шут да го совлада голманот Нето, за израмнување на 1-1.

Enis Bardhi Goal Levante 1-1 Valencia – 16.09.2017 by ZidaneHD

Се вчитува...