Ново скудето за Јувентус, Пандев и Џенова осигураа опстанок

Јувентус ја продолжува својата доминација во италијанскиот фудбал, па „старата дама“ вечерва и официјално ја прослави својата најнова шампионска титула, осигурана на едно коло пред крајот на сезоната. Триумфот од 3-0 над Кротоне беше рутина за избраниците на Масимилијано Алегри, кои апсолутно заслужено стигнаа до шестата шампионска титула во низа, воедно и трета двојна круна во серија откако пред само неколку дена го освоија и пехарот во Купот на Италија.

Алегри не тактизираше, па мечот го почна со најсилните единаесетмина, а Кротоне немаше никакви шанси да им парира на расположените домашни фудбалери. Марио Манџукиќ го постигна првиот гол на натпреварот, на 2-0 зголеми Дибала, додека конечните 3-0 во второто полувреме ги постави Алекс Сандро.

Така, мечот од последното коло против Болоња ќе нема никакво значење за „старата дама“, па јасно е дека Алегри ќе ги осмори речиси сите првотимци во пресрет на големото финале од ЛШ против Реал Мадрид закажано за 3 јуни.

Поразот на Кротоне воедно значеше и осигуран опстанок на Џенова на нашиот Горан Пандев, откако оваа екипа славеше со 2-1 над Торино и сега има пет бода повеќе во однос на Кротоне. Ригони и Симеоне беа стрелци на головите за Џенова, а Пандев влезе во ига ра на местото на Симеоне во 60. минута (при резултат 2-0).

Милан во последниот домашен натпревар од оваа турбулентна сезона славеше над Болоња со 3-0, со погодоците на Деулофеу, Хонда и на Лападула во второто полувреме на „Сан Сиро“.

Резултати Италија:

Милан – Болоња 3-0, Јувентус – Кротоне 3-0, Џенова – Торино 2-0, Емполи – Аталанта 0-1, Сасуоло – Калјари 5-2, Удинезе – Сампдорија 1-1.

Mandzukic Goal HD 1-0 Juventus VS… by tildaenghLe sublime coup franc de Dybala face à Crotone by emmapollardAlex Sandro Goal HD – Juventus 3-0 Crotone 21… by Highlights-Serie-A

Се вчитува...