Новогодишна забава од 100.000 евра – Наинголан казнет поради лудувањата

Раководството на Рома нема да му прости на Раџа Наинголан за недоличното однесување за време на прославата на новогодишната вечер. Поради видеото кое го објави Наинголан на „Инстаграм“ на кое се забележува како пуши цигари, пие алкохол и употребува погрдни зборови, Рома ќе го казни со 100.000 евра, поточно една третина од неговата месечна плата.

Иако Белгиецот се извини, неговиот тренер Франческо Де Еузебио ќе му даде и дополнителна казна со тоа што ќе го седне на клупата за претстојнитот натпревар против Аталанта.

Наинголан со сигурност ја плати најскапата новогодишна забава, а кога станува збор за неговите лудувања, на фудбалерот не му е прв пат да се „дружи“ со пороците.

Се вчитува...