Нухиу: Шкупи е многу посилен со поддршката од навивачите

Шкупи ја оствари третата последователна победа на домашен терен, совладувајќи го Силекс на Чаир со 3-1. Избраниците на тренерот Ардијан Нухиу успеаја да стигнат до значајни бодови, во обидот за пласман во мирната средишна зона од првенствената табела. Во моментот, Шкупи е на безбедната седма позиција, а Нухиу вели дека целта е и да се задржи до крајот на сезоната.

„Одигравме квалитетен натпревар, брзо го отворивме резултатот и потоа се чини дека беше многу полесно. Потоа дојде и вториот гол на Мбела. Силекс е квалитетен состав, се прикажа во добро светло, но ние имавме одлична реализација. Шкупи е многу посилен на домашен терен, каде што има голема поддршка од навивачите. Нашата цел е да се задржиме на оваа седма позиција која го гарантира опстанокот во елитата“, изјави Ардијан Нухиу, по триумфот над Силекс.

Се вчитува...