Нухиу: Шкупи се враќа во нормала, основна цел е опстанок…

Провлигашот Шкупи не прикажува исти резултати како и минатата сезона, но од управата на клубот најавуваат дека екипата од Чаир ќе го преброди тој период и ќе почне со далеку подобрите партии во пролетниот дел од шампионатот.

Стратегот на Шкупи, Ардиан Нухиу, е задоволен по вчерашното ново засилување за тимот, ангажманот на Јасир Асани од Вардар, но вели дека основна цел е опстанок во лигата оваа сезона…

„Имаме по два тренинзи дневно и засега се оди според планот. Доведовме неколку засилувања, кои сметам дека ќе ни бидат од голема помош. Оваа сезона основна цел е опстанок во лигата и верувам дека успешно ќе го исполниме тоа. Во понеделник заминуваме за Охрид, каде ќе ги продолжиме зимските подготовки и ќе одиграме неколку пријателски натпревари“ – вели Нухиу.

Се вчитува...