Њукасл поведе, па го налути шампионот

Челси ја продолжи серијата победи со денешниот триумф од 3-1 над Њукасл, извојуван пред своите гледачи на „Стемфорд бриџ“. Избраниците на Рафа Бенитез изненадија откако први поведоа преку Гејл, но идентично како и пред неколку седмици на „Олд трафорд“, фудбалерите на Њукасл не знаеја како да ја задржат предноста.

Челси заигра шампионски веднаш по примениот гол, се редеа шанси во шеснаесетникот на гостите, за Азар и Мората уште во првото полувреме да направат целосен пресврт. „Сините“ продолжија со доминацијата и во второто полувреме, а конечните 3-1 ги постави Азар од пенал, откако Мозес беше соборен во противничкиот шеснаесетник.

Во последните шест кола тимот на Челси забележа пет победи и едно реми, стигнувајќи го на табелата Манчестер јунајтед кој вечерва ќе му гостува на Арсенал во дерби-дуелот од 15. премиерлигашко коло.

Се вчитува...