„Нула“ на Скопје и Шкупи за поделба на бодовите!

Фудбалерите на Скопје и Шкупи одиграа без голови на Автокоманда во заостанатиот натпревар од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига, кој претходно беше одложен поради лошите временски услови за игра.

Во натпревар без многу возбудувања и двете екипи се чини како да беа задоволни со поделба на бодовите, иако Шкупи, посебно во вториот дел, беше поактивна екипа на теренот со поотворена желба за погодок.

Најголемата можност за погодок гостите ја имаа во 80. минута кога по корнерот на Ермедин Адем, Демири од неколку метри шутираше покрај десниот дирек од голот на домашните. Скопје, пак, имаше можност во првата минута од судиското продолжение да дојде до триумфот, откако Адем за малку неспретно реагирајќи со глава ќе постигнеше автогол.

По овој бод, Шкупи сега со 19 бода остана на шестата позиција на табелата, со бод помалку од Работнички. Скопје е на последната позиција на табелата со 10 бода од 16 натпревари.

Се вчитува...