Нулта толеранција за национализам и инциденти на куп-финалето - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
28/07/2017 0:03
Ракомет
27/07/2017 20:56
Фудбал
27/07/2017 20:21
Ракомет
27/07/2017 13:26

Нулта толеранција за национализам и инциденти на куп-финалето

Нулта толеранција за национализам и инциденти на куп-финалето

Фудбалската Федерација на Македонија заедно со претставниците на двата клуба финалисти, Шкендија и Пелистер, одржа технички состанок на кој е изведен главен заклучок дека нема да се толерираат никакви испади на евентуален национализам и навреди од навивачите кон противничките екипи, за време на финалниот натпревар што ќе се одигра денеска на стадионот „Младост“ во Струмица во 17 часот.

На состанокот присустувал и контролор за безбедноста од УЕФА, кој ќе врши мониторинг и за време на натпреварот. Ова треба да биде и еден голем тест дали Македонија ќе може да организира и квалификациски натпревар во иднина на стадионот во Струмица.

Главниот судија Александар Ставрев, кој го носи знакот на ФИФА, безусловно и категорично ќе ги следи правилата во три чекори за гарантирање на максимална безбедност при организација на вакви спортски манифестации. Првиот чекор е опомена на навивачките групи, вториот е времен прекин на натпреварот и отстранување на навивачките групи, а третиот е целосен прекин на натпреварот.

Ваква ситуација за жал се има случено во минатото, кога на Арената „Филип втори“ во Скопје беше прекинат финалниот меч од Купот на Македонија меѓу Тетекс и Шкендија, по што истиот беше доигран следниот ден без публика.

Сите присутни ја истакнаа својата увереност дека сепак вакви несакани инциденти нема да се случуваат на денешното финале и сите апелираат за фер и коректно навивање и спортска борба на теренот.

Двата клуба од ФФМ добија по 300 билети за своите навивачки групи како поддршка за денешниот финален натпревар.

dresovi finale

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.