Обамејанг ја продолжува кариерата во кинески Гуангжу!?

Габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг се договори за трансфер во кинескиот прволигаш Гуангжу Евергранде, пренесуваат германските медиуми.

Според тврдењата од извори блиски до Борусија Дортмунд, Обамејанг веќе дефинитивно се договорил со тимот од Кина каде ќе се пресели од јуни оваа година. За овој трансфер Борусија Дортмунд ќе добие 72 милиони евра, што е 12 милиони евра повеќе од сумата која ја понуди Пекинг Гуан.

„Шпекулациите за заминувањето на Обамејанг ќе кружат се додека тој е член на нашиот клуб. Затоа повеќе не сакаме да коментираме ништо на таа тема“ – изјави извршниот претседател на германската екипа, Ханс-Јоаким Ватцке.

Но, затоа пак, одговор на целата ситуација имаа од Пекинг Гуан, кои се чини знаат дека го загубиле Обамејанг…

„Непрофесионално е да се контактира фудбалер кој е на мета на друг клуб и на така безобразен и безобзирен начин да се зголемува цената. Тоа носи кочница за кинескиот фудбал доведувајќи го националниот интерес во опасност“ – изјавија од Пекинг Гуан.

Се вчитува...