Обамејанг: Не сакам во Реал Мадрид, Атлетико е отворена опција

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг вели дека би можел да го замени Антоан Гризман во Атлетико Мадрид.

Обамејанг едно време беше поврзуван со Реал Мадрид но ситуацијата сега е сменета.

„Не потпишав нов договор со Борусија, тоа не е точно. Пазарот е отворен за сите, па и за мене. Реал Мадрид повеќе не е моја желба, не мислам на тој клуб веќе. Атлетико? Сите знаат дека тие бараат фудбалери ширум светот. Мислам дека Гризман заминува, а потоа се може да се случи. Ќе видиме како ќе течат нештата“ – вели Обамејанг.

Се вчитува...