Обединети за фудбалот: ФФМ место пари од УЕФА донира опрема за клубовите - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
19/08/2017 10:30
Фудбал
18/08/2017 19:45
Фудбал
18/08/2017 11:31
Фудбал
18/08/2017 9:19

Обединети за фудбалот: ФФМ место пари од УЕФА донира опрема за клубовите

Обединети за фудбалот: ФФМ место пари од УЕФА донира опрема за клубовите

Функционирајќи единствено преку соопштенија од своето појавување, точно пред една година, Обединети за фудбалот преку ново обраќање до јавноста тврдат дека домашните прволигаши од ФФМ не добиле по 45.000 евра кои им следат преку солидарниот фонд на УЕФА, а место тоа добиваат опрема од спортскиот производетел „Јако“.

Досега во јавноста нема ниту една реакција од домашните клубови за наводни средства кои им следат, но од Обединети за фудбалот тврдат дека сето тоа е само поради неинформираноста на македонските прволигаши.

Соопштението од „Обединети за фудбалот“ до нашата редакција ви го пренесуваме во целост:

ФФМ продолжува да ја злоупотребува својата позиција и монополот на информации и директно ги оштетува прволигашите во Македонија. Во ФФМ повеќе години се слеваат средства од солидарниот фонд на УЕФА од приходи остварени од Лига на Шампиони и лига на Европа.

Овие средства се стриктно наменети за клубовите (Прва лига) во државите кои немаат свои претставници во натпреварувањата по групи и во завршните натпревари на УЕФА. ФФМ, според наши сознанија во ниеден момент за ова не им дала прецизна информација на клубовите, приходувајќи и користејќи ги директно средствата добиени од УЕФА во последните неколку години, за непознати намени.

Бизарноста на оваа злоупотреба на клупски средства да биде поголема, ФФМ, пред клубовите уште се прикажува како дародател, па на клубовите како компензација им дели опрема. Така,ФФМ на клубовите им упати циркуларно писмо-потврда со која клубовите треба да ја прифатат опремата “Jako” (во непознат обем и квалитет !!!!!), наместо пари. (Посебна приказна е што договорот за опремата е нетранспарентен и е тотална тајна и за членовите на УО на ФФМ и најверојатно истата се добива бесплатно). Поголем дел од клубовите изманипулирани од ФФМ, прифатија да ги потпишат овие потврди.

Оваа година ФФМ (за клубовите) доби од УЕФА по околу 450.000 евра. Секој клуб требаше да добие по 45.000 евра. Она што е интересно е уште дека во овој момент поголем дел од клубовите кои ги потпишаа натурените потврди поради неинформираност за своите права, им немаат исплатено плати на играчите и вработените повеќе од 3 месеци….. (1 клуб 12 месеци неплатени, уште 2 клуба по 4 месеци итн).

Со вакво менаџирање на лигата, истата станува и нерегуларна поради прекршување на лиценцниот систем. Како последица на оваа манипулација, помеѓу останатото, прволигашите незнаејќи практично ги донираат второлигашите со опрема бидејќи права на средствата од УЕФА имаат само клубовите кои 2015/16 година играле во Првата лига. Ова е и една од многуте причини поради кои ние веднаш по нашето доаѓање ќе формираме здруженија на клубови од Прва и Втора лига.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.