Обид за убиство на атрактивната српска кошаркарка Милица Дабовиќ!?

Атрактивната српска кошаркарка Милица Дабовиќ била претепена синоќа. Како што пренесува српскиот „Курир“, 35-годишната кошаркарка била нападната и претепана од поранешното момче, Хрватот Шиме Шиклиќ Симон, кој се обидел и да ја убие. Мотивот за нападот е љубомора, откако двајцата само пред неколку денови ја прекинале долгогодишната врска.

„Милица има телесни повреди, но и очигледни подливи во пределот на вратот, затоа што Симон се обидел да ја задави. Сепак, успеала да се отргне, и потоа инцидентот да го пријави во полиција“ – пренесува „Курир“.

milica-dabovic-mondo-stefan-stojanovic-25

По пријавата во полиција, веднаш е активирана потрага по него, но се уште нема информации дали е приведен.

milica DabovicСимон и претходно во минатото бил приведуван во полиција поради насилство, и учество во физички пресметки.

Милица Дабовиќ е една од најпознатите српски кошаркарки. Професионалната кариера ја заврши на крајот од минатата сезона, заокружувајќи бројни успеси и во клупската и во репрезентативната кариера.

Се вчитува...