Прво рангирање за 2018 година: Вознијацки официјално прва, Федерер зад петите на Надал

Првото рангирање на АТП и ВТА листата во 2018 година не донесе „тектонски“ поместувања, но има неколку промени кои во текот на годината ќе ја одредуваат борбата за самиот врв и во двете конкуренции.

Кај мажите, Надал и натаму е прв со 9.760 бода, но со освојувањето на Австралија опен Федерер му се доближи на само 155 бода разлика, додека Хрватот Марин Чилиќ со пласманот во финалето на истиот гренслем се искачи на три места нагоре на третото место и го оствари својот најдобар пласман во кариерата. Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ напредуваше за едно место, но и натаму не е меѓу Топ 10, Ноле сега е 13.

Каролина Вознијацки конечно се радуваше на својата прва гренслем титула и сега е официјално е на првото место на ВТА листата со 7.965 бода. Нејзината противничка во финалето Симона Халеп заостанува 250 бода зад данската тенисерка, додека Свитолина и Мугуруза си ги заменија третото и четвртото место.

Топ 10 АТП:

1. Рафаел Надал – 9.760 бода

2. Роџер Федерер – 9.605

3. Марин Чилиќ – 4.960

4. Григо Димитров – 4.630

5. Александар Зверев – 4.610

6. Доминик Тим – 4.060

7. Давид Гофан – 2.880

8. Џек Сок – 2.815

9. Хуан Мартин Дел Потро – 2.705

10. Пабло Карењо Буста – 2.470

Топ 10 ВТА:

1. Каролина Вознијацки – 7.965 бода

2. Симона Халеп – 7.715

3. Елина Свитолина -6.085

4. Гарбиње Мугуруза – 5.690

5. Каролина Плишкова – 5.445

6. Јелена Остапенко – 4.901

7. Каролине Гарсија – 4.495

8. Венус Вилијамс – 4.278

9. Анџелика Кербер – 3.031

10. Кристина Младеновиќ – 2.935

 

 

Се вчитува...