Обрадовиќ: Фаворити сме на хартија против Македонија

Најдобрите македонски ракометарки по убедливиот пораз од Шведска, денеска ги продолжуваат квалификациите за ЕП во Франција на домашен терен. Во СРЦ „Кале“ вечерва (19 часот) ќе гостува селекцијата на Србија, предводена од „вардарката“ Андреа Лекиќ.

Селекторот на Србија, Љубомир Обрадовиќ, е свесен дека неговата селекција ја има улогата на фаворит.

„Ние сме фаворити, но само на хартија. Мораме тоа да го покажеме и на теренот. Ќе играме во салата „Кале“, каде можеме да очекуваме добра атмосфера. Девојките мораат да го почувстуваат притисокот на своја кожа и да реагираат на вистински начин“, вели Обрадовиќ.

Србија во претходното коло ја совлада селекцијата на Фарски Острови на домашен терен со 36-20.

Се вчитува...