Обрадовиќ се жали: Ова што ми го прави Металург не е човечки - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Обрадовиќ се жали: Ова што ми го прави Металург не е човечки

Обрадовиќ се жали: Ова што ми го прави Металург не е човечки

Немања Обрадовиќ инсистира на трансфер во Висла Плоцк без оглед на пресудата на ЕХФ дека српскиот бек има валиден договор со Металург на уште една година. Во меѓувреме, тој во изјава за српскиот весник „Спортски журнал“ се пожали од третманот на македонскиот вицешампион, кој нема намера да отстапи од финансиските барања за отштета, во висина од 30.000 евра.

Не знам што да кажам, ова што ми го прави Металург не е човечки. Не ми даваат исписница, од полскиот клуб бараат отштета што не им следи. Висла дури и им понуди 10.000 евра, но Македонците бараат три пати повеќе. Имав договор на една година, што ќе се активираше за втората ако се договориме. Не се договоривме, а јас заминав во Полска. Јасно е дека ќе морам да ја побарам правдата пред Арбитражната комисија на ЕХФ во Виена, бидејќи сметам дека сум во право“  – вели Обрадовиќ за Журнал

Европската куќа на ракометот веќе оцени дека договорот со Металург и за следната сезона му е валиден, па сега тимот на Лино Червар е „господар на судбината“ на Обрадовиќ.

А како што пишување „Спортски Журнал“, до најдобриот стрелец на тимот од ланската сега стигнала и закана од сега веќе поранешниот директор на клубот, дека „Немања ќе остане до 2018, макар и да умре“.

Висла веќе му порача на Обрадовиќ дека нема намера да плаќа повисока отштета за него посочувајќи му дека самиот треба да си го реши проблемот со Металург. А како што стојат работите, српскиот бек не може да се договори со „металурзите“…

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.