Обвинителите бараат пет години затвор за Чаби Алонсо

Шпанските обвинители побараа пет години затворска казна за легендарниот фудбалер на „црвената фурија“, Чаби Алонсо. Поранешната ѕвезда на Ливерпул, Реал Мадрид и на Баерн, се товари за даночно затајување.

Според обвинението, додека играл за Реал Мадрид, во периодот од 2010 до 2012 година, Алонсо ја прикрил точната заработувачка од спонзорските договори со компании како Адидас, Џилете, Јамаха и Хуго Бос. Шпанскиот репрезентативец пријавил дека во тој период заработил околу пет милиони евра од спонзорските договори, а реалната сума била многу поголема. Но, како и сите други фудбалски ѕвезди против кои се водат судски спорови за даночни прекршоци, најверојатно ни Чаби Алонсо нема да заврши зад решетки.

Претходно поради даночни измами пред шпанскиот суд се појавија и други големи ѕвезди како Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Лука Модриќ…

Според наодите на шпанските власти, најмногу пари прикрил Кристјано Роналдо, сумите се движат меѓу 15 и 20 милиони евра.

Се вчитува...