Од ИОК децидни: Русите не можат на ЗОИ во Пјонгчанг!

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) соопшти дека забраната за руските спортисти за настап на Зимските олимпискимигри во Пјонгчанг останува на сила. Соопштението на ИОК доаѓа по одлуката на Арбитражниот суд во Лозана да ја укине доживотната забрана за настап за 28 руски спортисти.

Во соопштението од ИОК се наведува дека руските спортисти и понатаму може да учествуваат на ЗОИ во Пјонгчанг само со покана, а ИОК го задржува правото да се обрати до Федералниот суд во Швајцарија.

Реакцијата од ИОК доаѓа само неколку часа откако Судот во Лозана донесе одлука 28 руски спортисти да ги ослободи од доживотната забрана за настап поради систематскиот допинг на ЗОИ 2014 во Сочи.

Во образложението на Судот се наведува дека приложените докази за кршење на антидопинг правилата на ЗИмските олимписки игри во Сочи во 2014 година, не биле доволни, односно дека спортистите можат да учествуваат на претстојните Олимписки игри во Пјонгчанг што ќе се одржат од 9 до 25 февруари.

Се вчитува...