Од Јувентус оптимисти: Алекс Сандро можеби ќе игра против Реал Мадрид

Дефанзивецот на Јувентус, Алекс Сандро, поради повреда на бутниот мускул беше приморан да се повлече од репрезентацијата на Бразил за претстојните пријателски натпревари, а од Јувентус стравуваа дека се работи за сериозна повреда.

Сепак, по вчерашните прегледи утврдено е дека повредата не е тешка колку што очекуваа, па од таборот на „старата дама“ се оптимисти дека Сандро ќе биде „фит“ за дуелите со Реал Мадрид во Лигата на шампиони. Од Јуве не истакнаа колку долго ќе паузира, но, знаејќи дека првата пресметка е закажана на 3. април, паузата не треба да трае повеќе од десетина дена.

Претходно Јувентус има пресметка против Милан во рамките од Серија А, но на тој меч Бразилецот сигурно нема да настапи со цел да не се ризикува за понатамошни проблеми.

Се вчитува...