Од Олимпијакос во ПАО – Лоџески е новиот „предавник“ во Атина

Мет Лоџески ги разлути фановите на Олимпијакос откако по заминувањето од таборот на „црвено-белите“ реши да се пресели во редовите на омразениот ривал Панатинаикос. Американецот со белгиски пасош ги мина последните четири сезони во Олимпијакос, со што стана странец со најдолг стаж во оваа екипа што потоа извршил „предавство“ и заминал во зелениот дел од Атина.

Откако беше обелоденето дека си заминува од „црвено-белите“ сериозен интерес за Лоџески искажа Барселона. Сепак, тој ја одби понудата на каталонскиот гигант и денеска официјално потпиша договор со Панатинаикос.

Со оглед на фактот дека белгискиот репрезентативец минатата сезона се мачеше со повреди, ПАО се заштити во договорот вклучувајќи клаузула со која во случај Лоџески подолго да паузира, „зелените“ да имаат право да го раскинат неговиот договор без никаква отштета.

Се вчитува...