Од Ред Бул признаваат: Не сме на нивото на Мерцедес и на Ферари - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
26/04/2017 22:45
Кошарка
26/04/2017 21:38
Кошарка
26/04/2017 20:49
Ракомет
26/04/2017 19:27

Од Ред Бул признаваат: Не сме на нивото на Мерцедес и на Ферари

Од Ред Бул признаваат: Не сме на нивото на Мерцедес и на Ферари

По завршувањето на претсезонските тестови, возачот на Ред Бул, Даниел Рикиардо, призна дека неговиот тим не е на нивото на главните фаворити за титулата во новиот Ф1 шампионат, Мерцедес и Ферари.

Според Рикиардо, Ред Бул заостанува во брзината зад болидите на Мерцедес и на Ферари, кои покажаа најдобри перформанси на двете тест-сесии во Барселона и засега најдобро ги користат новите правила во Ф1.

Би сакал да можам да кажам дека го криеме темпото на нашиот нов болид, но за жал морам да признаам дека всушност ова е нашата вситинска брзина. Вистината е дека во моментов не сме на нивото на Ферари и на Мерцедес. Тие покажаа убиствено темпо со сите сетови на пневматици и сериозна издржливост на болидот. За Мерцедес нема што многу да се зборува, на сите ни е јасно дека тие повторно се фаворити за шампионската титула, но овој патво игра ќе бидат и „црвените болиди“. Ние треба брзо да одговориме на предизвикот што ни го даваат новите правила, ако не сакаме да паднеме премногу уште по првите неколку стартови во новата сезона“ – изјави Рикиардо.

Новата сезона во Формула 1 почнува на 26 март со трката за ГН на Австралија во Мелбурн, ќее се возат 20 трки, а финишот на шампионатот ќе биде на 26 ноември во Абу Даби.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.