Од среда детските атракции на терените на ФФМ: Стартува финалниот турнир од Детската лига 2014! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
13/12/2017 14:50
Меѓ. Фудбал
13/12/2017 14:42
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39

Од среда детските атракции на терените на ФФМ: Стартува финалниот турнир од Детската лига 2014!

Претстојниот период, од среда до петок, на терените на тренинг центарот на ФФМ ќе се одржи финалниот турнир од ФФМ Детски лиги за 2014 година.

На истиот учество ќе земат 56 екипи кои ќе бидат поделени во седум возрасни категории – генерација играчи родени 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004 и 2005. Во секоја од овие генрации ќе се натпреваруваат по 8 екипи каде на денот на отварањето ќе се одиграат елиминационите натпревари, додека на финалниот ден ќе се одиграат полуфиналињата, натпреварите за третото место и финалињата.

Свеченото отварање на финалниот турнир од страна на претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски ќе биде во среда на 4.јуни од 16 часот по што ќе стартуваат и натпреварите.

Полуфиналните дуели, а веднаш потоа и финалните, се закажани за в петок (6.јуни) од 11 часот, а прогласувањето на победниците и доделувањето на соодветните награди ќе биде од 16 часот.

РАСПОРЕД НА АКТИВНОСТИТЕ ОКОЛУ ФИНАЛНИОТ ТУРНИР ОД ДЕТСКАТА ЛИГА 2014:

Среда 04.06.2014

До 15,30 часот – Пристигање и пречек на екипите

До 15,50 часот – Поставување на екипите

До 16,00 часот – Добредојде и претставување на екипи учеснички

16, 05 часот – Свечено отворање – Претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски

16,30 часот – Старт на натпреварите по групи

До 21,00 часот – Крај на натпреварите по групи и заминување на екипите

Петок 06.06.2014

До 10,30 часот – Пристигање на екипите

11,00 часот – Полуфинални натпревари, натпревари за трето место и финални натпревари

До 15,30 – Крај на натпреварите

16,00 – Прогласување на победници и доделување на награди – претставници на ФФМ и претставници на спонзори

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.