Одбојкар стана одбојкарка и сега игра за женска екипа!

Бразилската одбојкарка Тифани Переира де Абреу целата кариера настапуваше како маж и доминираше во машката одбојка како Родриго. А, потоа го смени полот, заигра за италијанската женска екипа Голем Палми и сега е Тифание, една од омилените одбојкарки во клубот.,Tiffany-Pereira-de-AbreuРодриго ја оствари долгогодишната желба, и откако доби официјално одобрение од Меѓународната одбојкарска федерација, заигра за женска екипа и сега е во втората италијанска лига.„Сите одлично ме прифатија. Девојките уште од првиот ден ме гледаат како сестра“ – вели Тифани Переира де Абреу.tifaniЗадоволен е и тренерот на италијанскиот тим Голем Палми.„Ни понудија извонредна одбојкарка која претходно била машко. Тоа не ми пречеше. Ја избравме врз основа на нејзините резултати“ – изјави Пасквалино Џангроси.tifani2Тифани и како Родриго на тренинг доаѓала со шминка и со женски модни додатоци на облеката. Никогаш не криела што е и како се чувствува и во одредени средини имала проблеми со тоа затоа решила да го напушти Бразил. Сега во Италија е прифатена како Тифани и настојува да ги докаже своите спортски способности.

Се вчитува...