Одбојкарите целат на три победи на стартот од Европската лига

Македонската машка одбојкарска репрезентцаија од утре до недела во СРЦ Кале ќе биде домаќин на првиот турнир од Европската лига. Противници на Македонија ќе и бидат селекциите на Шведска, Азербејџан и на Албанија.

Во првиот натпревар утре (19.30 ч.), макеоднските одбојкари стратуваат со улога на фаворит против Азербејџан, а во наредните два дена ќе ги одиграат дуелите со Албанија и со Шведска.

„Несомнено дека сме поквалитетна репрезентација од Азербејџан, но противникот може да биде опасен ако го потцениме. Албанија ја победивме два пати, како и Шведска која е најголем анонимус од овие репрезентации. Не очекува тежок турнир во Скопје, но физички добро сме подготвени. Работевме многу напорно и она што засега е најважно – не смееме никого да потцениме. Треба желбата и мотивацијата да ја преточиме на терен и да завршиме со три победи. Три победи од 3-2 би биле добар резултат пред патувањето за Албанија. Подготвени сме за мечевите. Наша примарна цел е пласман на Ф4 турнирот“ – истакна капитенот на македонската репрезентација, Никола Ѓорѓиев.

Во овој нов циклус во европската лига, македонската репрезентација ќе стартува со новиот селектор, Драгутин Балтиќ кој исто така потенцираше дека целта е Македонија да стартува со три победи.

„Репрезентативците се во одлична форма. Одиме на победа, но не смееме никого да потцениме. Првиот противник, Азербејџан има искусен тим и квалитетни одбојкари во својот состав. Но, верувам дека нашиот подмладен состав може добро да се покаже и да ги победи трите противници“ – вели селекторот Балтиќ.

Во составот на македонската репрезентација на овој прв турнир од Европската лига од различни причини нема да настапат тројца првотимци: Јовица Симовски, Филип Деспотовски и Ѓоко Јосифов.

Во претходните две години во Европската лига, Македонија на два пати беше поразена во финалето, прво од Словенија, а потоа и од Естонија.

Се вчитува...