Одбојкарски дуел заврши со „јапонски бакнеж“ (ВИДЕО)

Необична сцена од јапонската одбојкарска лига го обиколи светот и стана хит на интернет. Актери на одбојкарскиот дуел што заврши со „јапонски бакнеж“ беа 24 годишниот одбојкар Ју Јамамото и пет години постариот играч од противничкиот тим, Такуја Такаматсу.

По еден убав поен на Јамамото се чинеше дека двајцаат одбојкари ќе се степаат. Викаа еден на друг и се поттурнуваа, а потоа на изненадување на сите во салата, расправата ја завршија со бакнеж.

Такаматсу подоцна изјави дека го сака Јамамото како брат. А во Јапонија оваа разврска на одбојкарскиот меч се опишува како спортски потег на годината.

Се вчитува...