Одговор од Германија: Баерн Минхен нема да го пушти Левандовски во Реал Мадрид

Р0берт Левандовски на лето треба да направи трансфер во Реал Мадрид. Наводно, агентот на фудбалерот веќе договорил двегодишен договор за полскиот интернационалец, со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона. Но, од Германија стигнува одговор. Баерн Минхен, со оглед дека клубот има договор со Роберт Левандовски до 2021 година, нема да го пушти голгетерот да си замине од „Алијанц арена“.

Како што информира германскиот „Кикер“, Баерн Минхен нема намера да му дозволи на Левандовски да си замине по завршувањето на сезоната. Челниците на клубот тоа и му го напоменале на Левандовски кога тој се обидел да им најави дека сака нов предизвик во кариерата. Останува да се види како ќе се развиваат настаните, како што ќе се ближи летниот преоден рок.

Се вчитува...