Одличен старт на ЕТТЦ сезоната: Стефановски четврти по првата трка во Монца

Најдобриот македонскиот автомобилист, Игор Стефановски-Иџе заврши на четвртата позиција на првата трка во Монца, на стартот од ЕТТЦ шампионатот.

Стефановски, по вчерашните квалификации, стартуваше од седмото место но набрзо почна да напредува стигнувајќи и до петтата позиција на трката. Во битка со Бугаринот Пламен Кралев на крајот успеа да го стигне и да дојде до четвртото место.

Во првата трка, победи Петр Фулин од Чешка, иако финишираше како трет на крајот. Но, Шрајбер и Рикли од Швајцарија заработија казни, загубија по пет секунди и на крајот мораа да се задоволат со места зад Чехот Фулин.

Втората трка се вози од 10 часот, а македонскиот автомобилист меѓу осумтте финалисти ќе вози од петтото место соглано позициите од првата трка.

Се вчитува...