ОДЛИЧНИ ВЕСТИ: Димушевски се чувствува добро и е надвор од животна опасност! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/11/2017 17:32
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42

ОДЛИЧНИ ВЕСТИ: Димушевски се чувствува добро и е надвор од животна опасност!

ОДЛИЧНИ ВЕСТИ: Димушевски се чувствува добро и е надвор од животна опасност!

Едно од најголемите имиња во македонскиот автомобилистички спорт Александар Димушевски се чувствува добро и е надвор од животна опасност, по стравичниот инцидент кој денеска се случи на автомобилистичката трка на кружни патеки во Скопје.

Според последните информации кај него се констатирани повеќе скршеници, од кои една на ногата, и некои на ребрата. Извршени се неколку хируршки интервенции, и според информациите од неговите најблиски е во свесна состојба, но се уште чекаат попрецизни информации од лекарскиот тим. Здравствената ситуација ќе се следи интензивно наредниот период, по што се очекува и официјална информација од лекарите, кои засега не сакаат ништо да коментираат.

Димушевски откако на него налета српскиот автомобилист Урош Бркиќ со возилото Хонда за време на трката, веднаш беше пренесен во болница, а според последните информации по укажаната лекарска помош е надвор од животна опасност.

dimusevski 2

Во инцидентот беше повредено уште едно лице, возачот на Хондата која излета, Србинот Урош Бркиќ, но и тој е надвор од животна опасност, со укажана комплетна лекарска помош, велат последните информации.

По седум години пауза Македонија и Скопје повторно ги добија кружните трки кои се еден од спортските симболи на главниот град. А, најзаслужен за враќањето на кружните трки и денешниот прекрасен ден кој собра илијадници скопјани, се до несаканиот инцидент, беше токму Александар Димушевски  како еден од клучните во организацијата на настанот… За жал, доживеа стравичен инцидент, по кој сепак верувањата се дека нема да има поголеми последици.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.