Одмор за Дамјан, МЗТ рутински до бодови против Шкупи

МЗТ Скопје ја забележа првата победа во домашното првенство откако во последниот натпревар од второто коло „металците“ рутински славеа над Шкупи со резултат 71-97.

Како што и најави тренерот Александар Тодоров, актуелниот првак на средбите од домашното првенство шанса ќе им даде на оние играчи кои најчесто се резерви во АБА-лигата. Во една таква ситуација Дамјан Стојановски доби заслужен одмор и воопшто не се најде на теренот, додека Бојан Трајковски мина на теренот нешто помалку од 15 минути.

Избраниците на Тодоров лесно го контролираа резултатот, па по раното водство на Шкупи од 7-6 „металците“ го свртеа резултатот во своја полза и ја добија стартната четвртина со 12-20. Тоа беше најава за рутински тек и на остатокот од натпреварот, па откако беше создадена солидна предност, во второто полувреме во игра влегоа и младите Митев и Мамузиќ (постигна осум поени).

Младиот Маслинко одигра одлично бележејќи дабл-дабл од 184 поени и 12 скокови, 14 поени постигна и Трајковски, а најефикасен беше Џенсен со 21 поен. Најдобар поединец кај Шкупи при денешниот пораз од шампионот беше Американецот Харис со 28 поени.

Се вчитува...