Одреден судијата за „Ел Класико“ – Санчез Мартинез на центарот на „Бернабеу“

Санчез Мартинез е изборот на Шпанската Фудбалска Федерација за главен судија на претстојното „Ел Класико“ што ќе се игра на 23 декември на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Реал Мадрид ќе мора да атакува на победа за да го намали заостанувањето во однос на Барса, а како и на секое вечно дерби притисокот врз арбитрите ќе биде огромен.

Ова нема да биде првото „Ел класико“ за Санчез Мартинез сезонава, откако тој го водеше реваншот од Супер-купот на Шпанија во Мадрид на кој „кралскиот клуб“ се закити со трофејот.

Сезонава Мартинез водеше по еден натпревар на двата гиганти во Примера дивизион, при што Реал славеше со 3-0 на домашен терен над Лас Палмас, додека Барса триумфираше со идентичен резултат на гостувањето против Џирона.

Се вчитува...