Одредени термините: Вардар тргнува во ЛШ од Полска на 17 септември - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
18/10/2017 22:20
Фудбал
18/10/2017 18:32
Фудбал
18/10/2017 17:40
Фудбал
18/10/2017 16:37

Одредени термините: Вардар тргнува во ЛШ од Полска на 17 септември

Одредени термините: Вардар тргнува во ЛШ од Полска на 17 септември

ЕХФ денеска ги објави точните термини за одигрување на натпреварите од првите пет кола групната фаза во Лигата на шампионите, во новата сезона во која Вардар ќе ја брани титулата освоена во Келн пред два месеци.

Како што е добро познато, „вардарци“ се наоѓаат во група со Висла Плоцк, Нант, ППД Загреб, ПИК Сегед, Кристијанштад, Рајн Некар и Барселона. Македонскиот првак одбраната на круната ја стартува на 17 септември во Полска против Висла, меч што ќе почне во 19 часот, додека „црвено-црните“ првиот домашен меч ќе го играат на 23 септември во 17.30 часот, кога во Скопје ќе го пречекаат Нант предводен од Кире Лазаров.

1 коло (17 септември): Висла – Вардар 19 часот

2 коло (23 септември): Вардар – Нант 17,30 часот

3 коло (1 октомври): Вардар – ППД Загреб 17 часот

4 коло (7 октомври): ПИК Сегед – Вардар 17,30 часот

5 коло (14 октомври): Вардар – Барселона 17,30 часот

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.