„Оф-роуд шоу“ во Скопје: Иџе Стефановски во ендуро натпреварот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
23/06/2017 16:51
Останато
23/06/2017 16:42
Фудбал
23/06/2017 15:50
Фудбал
23/06/2017 12:42

„Оф-роуд шоу“ во Скопје: Иџе Стефановски во ендуро натпреварот

„Оф-роуд шоу“ во Скопје: Иџе Стефановски во ендуро натпреварот

Мото клубот Александар и Мотоциклистичката федерација на Македонија го организираат првото „1’ OFF ROAD SHOW SKOPJE 2016“ кое ќе се одржи утре (29. октомври) на воениот полигон Стенковец крај Скопје.

„Со оглед на нашето долгогодишно искуство во организација на авто и мото манифестации, одлучивме на крајот од сезоната да организираме заедничко дружење на вљубениците на возење во природа. Бројот на пријавени ги надмина нашите очекувања и само ја потврдува потребата за организација на вакво шоу. Покрај времето за дружење, учесниците ќе имаат можност да ги прикажат своите вештини и на специјалните испити кои ги подготвивме со голема помош од Ендуро тимот Водно од Скопје и ОФФ РОУД КЛУБ 4х4.МК. За најдобрите по категории и класи се предвидени и пригодни награди“ – вели Велибор Каевски од МК Александар.

Off_Road_Show_Skopje_2

Според најавите, учесниците ќе бидат поделени во 4 категории: MOTO; ATV/QUAD; UTV и 4х4 возила. Патеката се состои од брзински испити од природни и вештачки пречки (дрва, камења, гуми и сл), како и поврзувачки етапи по природни терени на околните ридови. Манифестација која ги обединува практично сите оффроуд групи (мото, ATV/QUAD, UTV и 4х4) за прв пат се организира во Македонија на исто место и овој пат се состои од: ендуро, трофи и рели реид дисциплините.

Вљубениците на „октанските“ спортови од 10 до 14 часот ќе може да уживаат во умешноста на најдобрите македонски учесници на 2 и 4 тркала, а за нивна дополнителна забава ќе се погрижат познати диџеи.

Најавено е учество на голем број на натпреварувачи. Помеѓу почесните гости е и двојниот европски шампион во автомобилизам Игор Стефановски – Иџе кој ќе се вклучи во ендуро натпреварот, а меѓу учесниците се и десетина шампиони на Македонија во мотоциклизам и автомобилизам.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.