Официјални состави: Јаневски напаѓа со Итало, Барсегјан и Блажевски…Бендтнер е адутот на Розенборг

Македонскиот првак Вардар ќе го нападне Розенборг со триото Барсегјан – Итало – Блажевски, во обидот да стигне до првиот позитивен резултат во групната фаза од Лигата на Европа, на вечерашната разделба од ова европско натпреварување на арената „Филип Втори“. Тренерот Чедомир Јаневски се чини дека го изведе најдоброто со кое располага во овој момент. Десната бековска позиција, која беше проблематична, ќе ја пополни репрезентативецот Висар Муслиу, а во одбраната се уште и капитенот Бобан Грнчаров, Евгениј Новак, како и Бесир Демири како лев бек.

Во средниот ред ќе делуваат Глигоров и Николов, заедно со креаторот на играта Фелипе.

Најистурен во навалната линија на Розенборг ќе биде Никлас Бендтнер, заедно со Самуел Адегбенро. Норвешкиот тим не игра со најдобриот состав, но, сепак, има респектабилен тим за вечерашниот дуел.

sostavi vardar - rozenborg

Се вчитува...