Официјално: Барселона го купи Артур за 30 милиони евра

Каталонскиот гигант Барселона и официјално го обезбеди потписот на Бразилецот Артур, играчот за врска кој доаѓа од редовите на Гремио. Тој за сума од 30 милиони евра, и дополнителни бонуси од 9 милиони евра, ќе пристигне на „Камп Ноу“ по завршувањето на оваа сезона, потврди клубот на својот официјален сајт.

Артур треба да биде долгорочно решение за наследник на ветеранот Андрес Иниеста, за кого се шпекулира дека ќе замине во Кина во летниот преоден рок. Тој беше член на бразилските селекции до 17 и до 20 години, а во Барселона ќе ја зголеми бразилската колонија и ќе им се приклучи на Паулињо и на Кутињо.

 

 

Се вчитува...