ОФИЦИЈАЛНО: Баже Илијоски потпиша на 18 месеци во Шкупи

По ангажманот на Стефан Вујчиќ, Шкупи и официјално го потврди договорот и со офанзивецот Баже Илијоски.

Најдобриот стрелец во историјата на македонските првенства потпиша договор со Шкупи до јуни 2019 година.

Илијоски во тимот од Чаир доаѓа откако минатата есен беше дел од битолски Пелистер, а претходно има настапи и за Работнички и Металург во домашниот шампионат.

Се вчитува...