Официјално: Червар заминува од клупата на Македонија!

Лино Червар од денеска и официјално повеќе не е селектор на ракометната репрезентација на Македонија, соопшти попладнево Ракометната Федерација преку соопштение до јавноста. Откако минатата седмица стана јасно дека Червар е многу близу до камбек во татковината, РФМ објави дека ја прекинува соработката со Хрватот и во најскоро време ќе се обиде да најде адекватна замена што ќе го води нашиот национален тим на претстојните квалификациски средби со Исланд закажани за месец мај.

soopstenie lino

Се вчитува...