ОФИЦИЈАЛНО: Давид Бабунски потпиша за Јокохама!

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Давид Бабунски и официјално стави потпис на договор со јапонскиот прволигаш Јокохама Маринос.

Откако пред неколку денови се приклучи на подготовките на тимот за новата сезона, Бабунски денеска и официјално се договори за продолжување на својата кариера на Далечниот Исток.

„Од првиот момент кога се отвори можноста за преселба во Јапонија, веќе одлучив. Ја сакам оваа земја и нејзината култура. Крајно благодарен сум на Јокохама за можноста да продолжам со развојот на мојата кариера. Верувам дека ќе ја оправдам довербата на клубот“ – истакна Бабунски по потпишувањето на договорот, за официјалната интернет страница на клубот.

Babunski potpis

20-годишниот Бабунски изминативе шест месеци беше дел од белградска Црвена Звезда. Но, откако не успеа да се наметне за поголема минутажа во редовите на „црвено-белите“ се одлучи за заминување од Белград. Претходно, македонскиот младински репрезентативец, како што е познато, ги мина комплетните младински школи на шпанскиот гигант Барселона, а настапуваше и Б-тимот на Каталонците.

Се вчитува...