ОФИЦИЈАЛНО: Кире Лазаров го избра Нант

Не минаа ниту 24 часа откако претседателот на Нант откри дека е во исчекување на одговорот од Кире Лазаров, а истиот веќе пристигна – и веќе одлична вест за амбициозниот француски прволигаш. Токму Нант ќе биде новиот клуб на македонскиот „бомбардер“, откако Лазаров ја прифати понудата за двогодишна соработка со оваа екипа, потпишувајќи договор до јуни 2019 година.

Доаѓањето на Кире Лазаров е огромна работа за нашиот клуб. Ситуацијата е слична како кога Алберто Ентрериос доаѓаше во нашиот клуб, станува збор за две глобални спортски ѕвезди. Фактот дека успеавме да доведеме ракометар со реноме како Кире Лазаров го сместува Нант во една поинаква ракометна димензија и е доказ за еволуцијата на нашиот клуб“ – изјави тренерот на Нант, Тјери Анти.

Задоволството од реализираниот трансфер не го криеше ниту првиот човек на францускиот прволигаш, претседтелот Гаел Пелетие.

Откако во своите редови имавме познати играчи како Клајн, Гурбиндо и Нјокас, денеска со гордост објавуваме дека се договоривме за двогодишна соработка со Кире Лазаров. Тој е еден од најдобрите играчи во светот, не постои друг начин да се опише работата што Лазаров ја врши во нападот. Неговиот трансфер е уште еден доказ за нашата желба за раст на Нант не само на француската, туку и на европската ракометна сцена“ – истакна Пелетие.

Се вчитува...