Официјално: Несторовски го продолжи договорот со Палермо до 2021 година! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 21:29
Кошарка
19/11/2017 20:35
Фудбал
19/11/2017 19:59
Фудбал
19/11/2017 19:09

Официјално: Несторовски го продолжи договорот со Палермо до 2021 година!

Официјално: Несторовски го продолжи договорот со Палермо до 2021 година!

По неколкунеделни преговори со клубот, Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го продолжи договорот на верност со Палермо до јуни 2021 година!

„Палермо и официјално може да објави дека го продолжи договорот со Илија Несторовски. Новиот договор меѓу двете страни е со важност до 30. јуни 2021 година“ – објави утрово Палермо.

27-годишниот Несторовски во редовите на Палермо од хрватскиот Интер Запрешиќ се пресели во 2016 година. Досега во 45 настапи за клубот, во Серија А и актуелнава сезона во Серија Б, има постигнато 17 погодоци.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.