ОФИЦИЈАЛНО: Томас Брдариќ промовиран на клупата на Шкендија!

Германецот Томас Брдариќ, како што и претходно најави ЕКИПА, е новиот шеф на стручниот штаб на Шкендија. 41-годишниот стратег денеска официјално е промовиран на клупата на тетовци со кои потпиша договор до јуни 2018 година, со можност истиот да биде продолжен доколку двете страни се задоволни од меѓусебната соработка.

Покрај Брдариќ, во стручниот штаб на Шкендија доаѓа и Армин Фридрих како негов прв асистент.

„Јас сум навистина благодарен за укажаната можност да бидам тренер на Шкендија, кој е сериозен предизвик за мене. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на клубот, медиумите, навивачите и Еколог. Ќе се обидам со целиот мој тим максимално да ја подготвиме екипата за продолжението од првенството, да внесеме еден нов дух во тимот и далеку подобра игра. Уште еднаш благодарност за укажаната доверба“ – истакна Брдариќ по потпишувањето на договорот со претседателот на Шкендија, Абдулменаф Беџети.

brdaric d

Наредниве денови се очекуваат и дополнителни кадравоски пополнување на техничкиот персонал во клубот, но и првите засилувања во составот за пролетниот дел од шампионатот.

41-годишниот поранешен репрезентативец на Германија, кој има осум настапи за германскиот национален тим, а богатата играчка кариера ја мина во Штутгарт, Баер Леверкузен, Хановер, Волфсбург…, нема некое славно минато во тренерската кариера. Последен негов клуб е германскиот нисколигаш Штајнбах, а претходно бил тренер и на Унион Солинген. Во сезоната 2014/15 беше и на клупата на вториот тим на Волфсбург.

Се вчитува...